четврток, 26 ноември 2026
Најново

Нејзините гради го откриваат карактерот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За жената најмногу зборуваат нејзините гради, утврдија руските сексолози кои ја оживејаа заборавената наука за градите, според која обликот и големината на градите најмногу говори за некоја жена. И да, и силиконите се сметаат, бидејќи ако ги имате, вие сте исклучително несигурна и површна.

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзаноста на градите и женските карактери деновиве е топ тема во Русија. Според руските сексолози изгледот и големината на градите целосно ја откриваат личноста на жената.

Целата наука е наречена стерномантија, а се заснова на теоријата дека темелен преглед на градите укажува на карактерот на жената.

Според стерномантијата, жените со бујни гради по правило се весели личности, додека оние чии гради имаат мали и вовлечени брадавици имаат и таков карактер – генерално станува збор за резервирани или интровертни лица.

Мали гради имаат прилично љубоморните жени, а ако имаат јасно нагласени брадавици, имаат и силен карактер.

Доколку имате гради во облик на дињи, вие сте личност која сака да и се оди по кеф, а ако се во вид на цреши, многу сте ведри и друштвени. Крушковидниот облик значи дека сте многу сексуална личност.

Според оваа древна наука, градите воглавно се споредуваат со овошки, што им олеснувало во проценка на карактерот. Денес пак е додадена и нов облик – силиконите, кои иако не се природни, многу говорат за нивните сопственички.

Руските научници тврдат дека жените со силиконски гради не се верни партнерки, бидејќи воглавно се несигурни и површни личности.

Поврзани вести