Конте: Дрогба – „новинарска приказна“, Љоренте доаѓа!

Тренерот на екипата на Јувентус изјави дека доаѓањето на Дрогба во неговиот тим е мошне тешко, додека пак за Љоренте вели дека пред година дена не ја сфаќал сериозно работата околу трансферот во Јувентус.

Антонио Конте изјави дека неговиот тим сериозно гледа на дуелот со Сампдорија.

„Секогаш е опасен тој прв натпревар по паузата, но добро работевме и очекувам реакција на теренот. Сампдорија е организирана екипа, ќе се брани, мораме да најдеме начин за да отвориме таа врата“ изјави тренерот на екипата на Јувентус.

Конте со коментар околу трансферите…

„Го доведовме Пелуши кого го баравме во летото, тоа е добар трансфер, нема да има проблеми за да се вклопи во тимот. Што се однесува до Дрогба, тоа е новинарска приказна, ниту некој од клубот разговарал со мене за Дрогба, ниту јас сум барал да се доведе, со оглед на сумата која се споменува тој е навистина скап“ изјави Конте, за Љоренте неговиот коментар беше…

„Тоа е знак дека сме направиле нешто, пред година дена тој за нас не би ни размислувал, сега сме опција“ вели Конте. 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: