Венгер собира пари за Виља

Арсен Венгер сака да се ослободи од вишокот играчи, да заштеди на нивните плати и да собере пари за доведување на Давид Виља.

Иако во Барселона немаат намера да го продадат Виља, тој сака да си оди поради малата минутажа. Виља има 31 година и не сака да чека нова шанса по повредата.

Неговата цена е околу 20 милиони евра, а проценката на Вегер е дека Виља премногу би значел како одличен реализатор во младиот тим кој има проблеми со ефикасноста.

Венгер планираше да се ослободи од Аршавин, Џуру, Скилачи, и Шамак кој веќе замина на позајмица во Вест Хем. Парите од трансферите, но и тоа што би се заштедило од договорите секако би биле доволни за ангажман на Виља.

Венгер инаку има добри релации со Барселона, по трансферот на Фабрегас и Сонг. Арсенал беше заинтересиран и за Адриан од Атлетико, но се откажаа коа разбраа дека неговата цена се ближи околу 17 милиони евра.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: