Мурињо: Каква Златна Топка, работам и во понеделник!

Жозе Мурињо потврди дека нема да присуствува на церемонијата на доделувањето на признанијата за најдобрите поединци од светот на фудбалот во 2012 година бидејќи мора да спрема тактика за дуелот со Селта во Купот.

Тренерот на екипата на Реал Мадрид, португалецот Жозе Мурињо, се наоѓа помеѓу кандидатите за освојување на престижното признание за најдобар тренер во претходната година.

Покрај него во конкуренција се уште и Висенте Дел Боске и Пеп Гвардиола а веќе денес стана јасно дека Мурињо нема да присуствува на церемонијата.

„Немам намера да одам на таа церемонија, имам премногу работа во понеделник бидејќи уште во среда играме во Купот“ изјави Мурињо.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: