петок, 27 ноември 2026
Најново

Најоткачените барања на славните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Замислете живот без 19 растенија од 180см без асистент за собирање мастики за џвакање или ќелави проститутки без заби.

Епа тоа е отприлика причината зошто не сте Пол Макартни, Мерлин Менсон или Мараја Кери.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

Не сте барале доволно луди, безобзирни работи.

Пол Макартни и растенијата – Екс членот на Битлси сака лиснати растенија, и секогаш бара во својата просториjа да има точно 19 растенија, високи точно 180см, и 4 растенија од 120см.

Мерлин Менсон и проститутките – Бекстејџот на металецот се состои од клима уред вклучен на максимум, колекција од гумени бомбони, апсинт, пуканки и доритос.

Се тоа изгледа горе-доле во ред, но последното барање е претерано – една ќелава проститутка без заби.

“50 Cent” и “Dom Perignon” – Раперот бара од организаторите норвешки лосос, московски кавијар, минерална вода со 50 витамини, неограничени количини од луксузното шампањско “Dom Perignon” во собата, млеко од соја, топли пешкири и американски слатки.

Мараја Кери и собирач на мастики – Дали жената има болна навика да фрла мастики за џвакање на под или е нешто друго, меѓутоа дивата побарала посебен помошник кој би се грижел за нејзините изџвакани мастики.

Мадона и боца со кислород – Ексцентричната ѕвезда при секое гостување бара канти за ѓубре во точно одредени бои, колекција боци со кислород и апсолутно отсуство на клима уред.

300 сапуни, 150 мали и 300 големи пешкири се исто така дел од нејзините барања.

“Rolling Stones” и 17 пепелници

При гостувањето на легендарниот бенд во Белград, Стонси побарале 5 хеликоптери, четири кутии Малборо и 17 пепелници кое секое утро мора да му бидат на располагање на Мик Џегер.

Меѓу другото барале и мобилни тоалети, билијард маса и ТВ со канали на кои се пренесуваат сите Крикет натпревари.

Поврзани вести