Џуру позајмен на Хановер

Арсенал потврди дека дефанзивецот од нивните редови Јохан Џуру наредните шест месеци ќе ги помине на позајмица во Хановер.

Завршена е работата околу преселбата на Џуру во Бундес Лигата. Швајцарецот наредните шест месеци ќе ги помине во германскиот Хановер, ова беше потврдено на официјалната веб страна на Арсенал.

„Арсенал му посакува се најубаво на Џуру за време на неговиот престој во Германија“ се вели во соопштението на клубот.

Џуру има договор со Арсенал до 2015 година но краткорочната позајмица во Хановер би можела да прерасне во долгорочен договор доколку Швајцарецот се докаже во Бундес Лигата.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: