Бранко Црвенковски ќе се правда пред своите соработници

Бранко Црвенковски е под притисок од градоначалниците: Зоран Заев, Стевчо Јакимовски и Зоран Дамјановски. Откако се соочи со револтот од актуелните градоначалници од сопствените редови, гo смислува следниот потег.

Црвенковски планира во вторник да ги достави условите под кои би излегол на претстојните локални избори. Барањата скроени лично од него ќе имаат за цел тој пред своите да покаже дека се труди и да ги задоволи градоначалниците кои повторно сакаат да бараат доверба од граѓаните. Истовремено, таквите услови се невозможни за остварување, па неговата директна цел е да избега од пораз на изборите, а сепак да си создаде алиби зошто не се појавил на истите.

Бранко е свесен дека барањата кои ќе ги понуди, нема да бидат прифатени од владејачката партија, поради нелогичноста на истите. Со тоа, Црвенковски вината сака да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ. Само на тој начин, Бранко ќе се оправда пред градоначалниците од неговите редови дека не е тој оној кој им го одзел следниот мандат. Крајната цел на опозицискиот лидер е изборите во март воопшто да не се случат. Луѓето блиски до него веруваат во планот на Црвенковски.
Градоначалниците на СДСМ се и едни од најголемите финансиери на партијата, а самиот Зоран Заев ужива во поглем рејтинг од Бранко, според последната анкета на ИРИ. Поддршката за опозициската партија од ден на ден се намалува, па на овој лидер дефинитивно не му оди во прилог и сопартијците кои ги смета за најблиски да му го завртат грбот.

Пронајдете не на следниве мрежи: