Анчелоти не е заинтересиран за Балотели

Тренерот на Париз Сент Жермен изјави дека не му е потребен Марио Балотели бидејќи во екипата го има Златан Ибрахимовиќ.

Марио Балотели беше поврзуван како потенцијално засилување за Париз Сент Жермен, но тренерот на оваа екипа, Карло Анчелоти нагласи дека италијанскиот репрезентативец не е во плановите на оваа екипа.

„Го имаме Ибрахимовиќ кој ќе ја покрива позицијата уште неколку сезони. Балотели ни треба навистина, тој е одличен фудбалер и мислам дека добро би се согласувал со Ибрахимовиќ, но ние веќе ги имаме Лавеци, Гамеиро и Менез како опција за нападот“ изјави Анчелоти.

Италијанскиот тренер не сакаше да ги коментира настаните во Сити на релација Манчини-Балотели, односно нивниот судир на тренингот, оценувајќи дека медиумите биле тие кои  од овој настан направиле нешто сосема друго.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: