Најголемата лага од Википедија

Лагите и измислиците на интернет порталите а последно на енциклопедиите како Википедија не се ретки, а авторите обично и не се трудат да ги направт самите статии многу веродостојни.

 

Обично може да се најде по некоја ситна лага или различно толкување на статиите за историјата, но статијата за која ние ви зборуваме ги премина сите граници. Имено, станува збор за статија од Википедија, долга 4.500 зборови, со наслов „Битката кај Бичолим“. Анонимниот автор на оваа статија детално ја опишува наводната битка која се случила во 1640 година помеѓу Португалија и индиското царство Марата. Наводоно, оваа битка довела до прогласување на Гоа како независна држава.

 

Но еден од „детективите“ на Википедија, направил детално истражување за оваа битка и заклучил дека никаде на друго место на светот не постои никаков запис за оваа битка. Се уште не се познати причините што го мотивирале авторот да ја напише оваа статија која седела на сајтот на Википедија цели 4 години. 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: