Перишиќ потпиша за Волфсбург

Хрватскиот интернационалец од редовите на Борусија Дортмунд, Иван Перишиќ, стана нов играч на Волфсбург, откако успешно ги одработи лекарските прегледи.

Околу седум милиони евра плати Волфсбург на актуелниот шампион на Германија, Борусија Дортмунд, за услугите на хрватскиот репрезентативец, кој не се наигра кај тренерот Јирген Клоп.

Оваа сезона Перишиќ настапи на 14 бундеслигашки натпревари, но само два натпревари ги одигра целосно, сите 90 минути. Во останатите, влегуваше од клупата во последните моменти од натпреварите.

Германските медиуми пренесуваат дека кариерата на Перишиќ во Борусија била завршена откако хрватот јавно изјавил дека е незадоволен со својот статус во тимот поради малата минутажа која ја добива.

Перишиќ им се придружи на своите сонародници Ивица Олиќ, Срѓан Лакиќ и Хрвоје Чали. 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: