Модриќ – Челзи, Јунајтед, Сити…

Британскиот таблоид „Мирор“ пренесува дека хрватскиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ, би можел да се врати во англиската премиер лига, заинтересирани за неговите услуги се Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Модриќ е прогласен за најлошиот трансфер во Примера во 2012 година откако за 33 милиони фунти премина во редовите на Реал Мадрид од Тотенхем. Со оглед на тешкотијата на адаптацијата на животот во Шпанија, Модриќ ги крена на нозе трите најдобри клубови во Премиер Лигата“ пренесува „Мирор“.

„Мирор“ исто така пренесува дека хрватот не би се откажал од Реал Мадрид толку лесно, но доколку трендот со не-настапувањето во Реал Мадрид продолжи, би се вратил во Премиер Лигата на крајот од идната сезона.

Хрватот е дефинитивно под голем притисок од јавноста по неговото доаѓање во Реал Мадрид, факт е дека ја искористи приликата која му беше дадена од страна на Жозе Мурињо, но, кога станува збор за фудбалери кои сеуште немаат изградено име во светскиот фудбал обично секогаш е така, останува да видиме како ќе издржи одличниот играч од средниот ред на екипата на Реал Мадрид, хрватот Лука Модриќ.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: