Меси: Не ме интересира „Златната Топка “ / Роналдо: Ја сакам таа награда!

Лионел Меси би можел да стане првиот играч кој ја освоил оваа престижна награда дури четири пати по ред.

Со 25 погодоци е прв стрелец во Шпанската Примера Дивизија, популарната Ла Лига, а со 91 гол го сруши рекордот на Герд Милер кој во една календарска година постигна 86. Секако, наградата ништо не би му значела доколку Барселона не ја освои титулата оваа сезона.

Покрај Меси, кандидати за освојување на оваа престижна награда се уште и Андрес Иниеста и Кристиано Роналдо.

„Убаво е да се рушат рекорди, но победата на екипата е најважното. Моите голови и служат на Барселона да освои некоја титула, и тоа е многу поважно од моите достигнувања. Ако наградата му припадне на Иниеста, тоа ќе биде заслужено поради сето тоа што го постигна, наградата би отишла во иста соблекувална“ скромно изјави Меси.

Португалецот Роналдо, сосема очекувано, говори во поинаков тон.

„Нема да лажам и да бидам лицемер, би сакал да ја добијам таа награда, но ништо страшно нема да се случи доколку не ја добијам, животот оди понатаму“ изјави Роналдо.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: