Морати ветува – Ќе има засилувања

Претседателот на Интер, Масимо Морати, потврди дека ќе ја засили екипата во јануарскиот преоден трансфер-период, но со ограничен буџет.

Официјалните претставници на екипата на Интер, Марко Бјанко и Пиеро Аузилио одржаа состанок со претседателот на клубот.

„Разговаравме околу поразот од Удинезе, но и околу иднината. Но пред тоа, ајде да се надеваме дека ќе ни се вратат повредените и суспендирани играчи“ соопштено е по состанокот.

Екипата на Интер беше поврзувана со играчот на Аталанта, Езекиел Шелот, голманот на Киево, Стефано Сорентино и организаторот на играта на Катанија, Франческо Лоди.

„Тоа се се добри играчи, сепак сега не е време за трошење многу пари“ изјави Морати.

Интер направи голем чекор напред, со победата над Јувентус во ноември, но од тогаш освоија само осум бодови.

Запрашан да прокоментира околу поразот од Удинезе, Масимо изјави „Бевме добри само еден дел од натпреварот, во останатиот дел одигравме очајно“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: