Продолжение на „Диригент“, апсења низ цела Македонија

Во полициска акција, што всушност е продолжение на акцијата под кодно име „Диригент“, во вторник уапсени се десет лица за трговија со дрога, потврдуваат од МВР.

Оттаму велат дека не можат да соопштат детали за акцијата, бидејќи сé уште е во тек, а освен скопското село Арачиново и скопската населба Сингелиќ, акцијата се спроведува и во други градови низ Македонија.
Акцијата е на меѓународно ниво, па во среда се очекува македонското МВР да одржи заеднича прес конференција со директорот на австриската полиција.
Водачите на франкфуртската мафија, уапсени во полициската акција „Диригент“ добија по 13 години затвор за продажба на хероин во Виена и Франкфурт. Групата беше разбиена кон крајот 2010 година, во соработка меѓу македонската и австриската полиција.
Полицијата инаку запленила вкупно 350 килограми марихуана на граничниот премин „Меџитлија“, за што се очекува да одржи прес-конференција.

Пронајдете не на следниве мрежи: