Абате продолжува во Зенит?

Рускиот Зенит покажа големо интересирање за играчот на Милан, се ќе биде познато во јануарскиот преоден трансфер-период.

Иако сеуште се далеку од договорот, како што потврди агентот на игалијанскиот фудбалер, постои можност да дојде до соработка помеѓу клубот од Санкт Петерзбург и Абате.

„Воспоставивме прелиминарен контакт, но дури сега следат преговори. Зенит добро ги познава играчите и покажа големо заинтересирање за него. За сега, во овој момент не постојат финансиски проблеми“ изјави агентот на Абате.

За да го осигура доаѓањето на овој фудбалер, тренерот на Зенит, Лучиано Спалети, понуди 2,5 милиони евра по сезона и договор до 2017 година.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: