АС: Мурињо е „ЛАЖГО“!

„АС“ не бираше зборови кога е во прашање тренерот на екипата на Реал Мадрид кој донесе одлука да не присуствува во изборот за најдобрите, а пред ФИФА се правдаше со припремите за натпреварот од Купот против Селта, Мурињо е виден на мечот на кој бранеше неговиот син.

Уште пред дуелот со Сосиедад, Мурињо изјави дека нема да оди во Цирих.

„Каков Цирих, имам работа, морам да се подготвам за дуелот со Селта кој ми е повеќе важен отколку таква манифестација“ изјави Мурињо.

Инаку, вчера екипата тренираше околу пладне во Валдебебес, во отсуство на Роналдо кој порано отиде во Швајцарија, а тогаш експедицијата на Реал со играчите со приватен авион се упати кон Цирих.

Со претседателот Перез, патуваа уште неколкумина играчи кои се најдоа во најдобриот тим на ФИФА за 2012 година.

Тие веднаш по манифестацијата се вратија во Мадрид нешто по полноќ и денес ќе бидат на тренинг.

Мурињо? Тој се криел и се појавил на натпреварот на еден тим од младинскиот погон на Реал, или подобро кажано екипата за која брани неговиот син. Беше во друштво на телохранителите кои се обидоа да ги спречат новинарите да го сликаат тој настан, но тоа не им успеало.

„АС“ заклучува дека Мурињо е „лажго“ и дека во 2010 година кога ја освои „Златната Топка“ кога со Интер претходните сезони ја покори Европа и Италија патувал на свеченоста, иако два дена потоа имал дерби во купот со градскиот ривал Атлетико. Тогаш натпреварот не го користеше како оправдување.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: