Ливерпул заинтересиран за синот на ЗИЗУ (Видео)

Енцо Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан, се наоѓа на списокот желби на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Ливерпул е сериозно заинтересиран да во своите редови го доведе младиот Енцо Зидан, син на прославениот Зинедин Зидан.

Зидан-јуниор има 17 години и моментално настапува за резервите на Реал Мадрид, Реал Мадрид Кастиља.

Многу фудбалски стручњаци кои го гледале во живо, велат дека Енцо во својата игра има елементи кои неодоливо потсетуваат на играта на неговиот татко и во него гледаат вистински наследник.

Според пренесувањата на англиските медиуми, се вели дека Брендон Роџерс, тренерот на Ливерпул, е сериозно заинтересиран да го види овој млад фудбалер во своите редови.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: