Швајни и Крос казнети поради тоа што носеле на тренинг погрешни „ШТУЦНИ“

Германските медиуми бурно ги пратат припремите на фудбалерите на екипата на Баерн од Минхен за вториот дел од сезонава во тренинг-кампот во Катар.

Во текот на вчерашниот ден германските медиуми дознаа дека тренерот Јуп Хејнкс парично ги казнил Бастијан Швајнштајнгер и Тони Крос.

Причина поради која споменатите двајца играчи на еден од последните тренинзи се казнети е поради тоа што носеле погрешни „штуцни“.

„Имаме заедничка цел и потребна ни е дисциплина. Таа започнува со чорапите кои се дел од униформите“ изјави Хејнкс.

Тренерот на Баерн Минхен го задолжи капитенот Филип Лам да ја одреди висината на паричната казна, што овој веќе и ја изврши таа задача.

По казната, на следниот тренинг, Швајнштајнгер и Крос се прилагодија на новиот имиџ и облекле црни штуцни.

„Сметам дека е добро што нашиот тренер реагираше“ изјави извршниот претседател на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: