Тепање како лек против зависност

Дали сакате да се одвикнете од дрога, алкохол или секс? Др. Герман Пилипенко има решение за вас, а тоа најновиот метод на тепање. 

Сибирскиот револуционер Др. Пилипенко и неговата колешка професорката Марина Чухрова тврдат дека овој метод не само што е успешен, туку дека се темели на научни истажувања.

“Ова не е само мазохизам. Ги удираме нашите пациенти по задникот со јасна медицинска цел. Не е ниту некоја приказна за садо мазохизам, иако свесни сме дека нашиот метод е мета на потсмев од страна на некои луѓе“, вели Пилипенко. Тој, исто така, тврди дека методот е добар и за лекување самоубиствени нагони, како и психосоматски пореметувања.

Болката којашто ја добиваат со тепањето наводно го стимулира мозокот да испушта ендрофин, хормонот на среќа.

Дваесет и двегодишната Наташа, која е зависник од хероин, објаснува дека методот е многу успешен, иако е непријатен и многу боли. Таа вели дека воопшто не е мазохист и дека без овој третман досега би била мртва.

Слично искуство имал и 41-годишниот алкохоличар Јури кој е трезен веќе цела година. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.