Доколку има расизам во Италија ќе ги прекинуваат натпреварите

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија (FIGC), Џанкарло Абете, изјави дека во иднина, во случај на расизам, натпреварите во Серија А би можеле да бидат прекинувани. „Распоредот воопшто не е проблем, ниту пак проблем ќе биде организирањето на нов натпревар доколку истиот биде прекинат поради расистички навреди упатени кон играчите. Тоа не треба да не загрижува“, рекол Абете.
Според него, она што треба да ги загрижи челниците на федерацијата треба да биде како да бидат исфрлени од стадионите оние кои не припаѓаат таму.
„Доколку биде потребно натпреварите ќе бидат прекинувани привремено или трајно, со цел да ставиме крај на расистичките навреди“, рекол Абете.
Минатата недела, фудбалерите на Милан го напуштија теренот, откако на пријателскиот меч со Про Патрија, дел од навивачите расистички ги навредуваа црномурестите играчи на ’росо-нерите’.
Поради инцидентот FIGC ја казни Про Патрија, која еден натпревар ќе мора да одигра пред празни трибини.

Пронајдете не на следниве мрежи: