Меѓународната заедница ќе ја оживува СДСМ

Меѓународната заедница активно работи на охрабрување на бизнисмени, универзитетски професори и нови луѓе во составот на СДСМ и опозицискиот блок, генерално за формирање на нова левица во Република Македонија.

Ваквиот чекор на меѓународниот фактор доаѓа откако претставниците на меѓународата заедница станаа свесни дека со однесувањето на Црвенковски не може да се обезбеди сериозен баланс на полтиичките сили, а за ова очигледно се свесни и во самиот врв на СДСМ, вклучувајќи го и лидерот.

 

Црвенковски очекуваше поддршка за неговите постапки од меѓународната заедница,  туку спротивно на тоа доби шлаканица од Европската унија, која побара СДСМ да им стави крај на конфронтациите, да се однесува во согласност со Уставот и законите, како и да дејствува низ расправа во Собранието.

 

Ваквата постапка на Европската Унија очигледно предизвика разочараност кај опозицијата, па луѓето блиски до Црвенковски, како Јани Макрадули и Љубомир Фрчковски преку јавни преписки се нафрлија врз претставници на ЕУ, обвинувајќи го Брисел дека и даваал поддршка на оваа, според нив „диктаторска власт“.

 

Многуммина од политичките аналитичари сметаат дека анкетата на реномираниот републикански американски институт ИРИ, кој важи за еден од најрелевантните при вакви истражувања е јасна порака за Црвенковски дека тој треба да си оди, а на меѓународните претставници им е јасно дека Црвенковски ја нема поддршката од граѓаните.

Меѓународниот фактор се обидува преку разговори и охрабрување на повеќе видни личности да формира нова лева политичка опција во Република Македонија, базирана на структурата на СДСМ, но без Црвенковски и неговите соработници во неа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: