12-годишно девојче три месеци било физички малтретирано од врсничка

Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички и психички малтретирано, а сето тоа било снимано со мобилен телефон.

Девојчето, како што соопшти штипската полиција било малтретирано од малолетничка на 13 години на која ѝ помагал и уште еден малолетник.

Случајот во полиција го пријавила сестрата на девојчето.

Во присуство на нивните родители полицијата извршила службен разговор со малолетничката која го малтретирала девојчето и со уште еден малолетник по што ќе бидат преземени мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи: