12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле

Секој има сода бикарбона во својот дом, а можностите со овој продукт се речиси безбројни. Веројатно веќе знаете неколку примени на сода бикарбоната, но сигурно не сте слушнале за следниве 12.
1. Ослободете се потечените нозе
После 30-тата година од животот, кај луѓето почнува да се појавува отекување на нозете. По правило, ова се случува поради вишокот сол во ткивата на телото. Можете да го решите овој проблем со сода бикарбона. Измешајте 1,5 лажичка сода бикарбона со 1 чаша зовриена вода. Ставете памучни чорапи во растворот, исцедете ги и облечете ги. Околу стапала ставете пластична фолија за храна, а врз неа облечете суви чорапи. Можете да ги оставите чорапите во текот на целата ноќ. После 8 часа, сигурно ќе ги забележите резултатите.


2. Ексфолијант и средство против митесери
12 примени на сода бикарбона за кои веројатно не сте знаеле
Таа може да ви помогне да се справите и со тврдоглавите митесери. Ја неутрализира рН вредноста на кожата, па се лачат помалку масла, со тоа намалувајќи ги митесерите.
Измешајте сода бикарбона и вода за да направите паста.
Измијте го лицето со топла вода за да ги отворите порите.
Нанесете ја пастата на лицето, фокусирајќи се на проблематичните делови.
Измасирајте го лицето со пастата, а потоа оставете ја да делува околу 1 минута.
Исплакнете со топла вода, а потоа со студена за да ги затворите порите.
3. Отстранување тврдокорни дамки


За да отстранете жолти дамки од пот, измешајте 2 лажици сода бикарбона, 3 лажици хидроген пероксид и 1 лажица течен детергент. Нанесете ја мешавината на дамката и оставете да делува 15-20 минути. Бидете внимателни со тенките материјали како лен. Немојте пречесто да ја користите смесата, бидејќи материјалот може да се скине.
Можете да ги отстраните дамките од крв и трева на фармерките со сода бикарбона растворена во малку топла вода. Втријте ја мешавината на материјалот со четка за заби и оставете да делува 30 минути. Потоа исплакнете и исперете.
Со сода бикарбона можете да се справите и со масните дамки на јакни од полиестер и полиамид. Пред да ја перете облеката, навлажнете ги дамките со вода и втријте малку сода бикарбона на нив. Почекајте 15-тина минути, а потоа исперете ја облеката како вообичаено.
4. Зачувајте ја зелената боја на варената брокула


За варената брокула да ја задржи зелената боја, додајте 1 лажица сода бикарбона во садот со вода. Зеленчукот ќе изгледа навистина вкусно.
5. Смеса за моделирање
Комбинацијата од сода бикарбона и пченкарен скроб е одлична смеса за моделирање што се стврднува. За да ја направите, измешајте 1 лажица сода бикарбона и 60 грама пченкарен скроб. Додајте околу 100 милилитри топла вода. Измешајте добро за да ги отстранете грутките и ставете ја смесата во тенџере на средна температура. Продолжете со мешање додека се „готви“. Кога ќе згусне, тргнете ја смесата од шпоретот и оставете ја да се излади.
6. Поправање пукнатини на керамика


Ако измешате сода бикарбона и ПВА лепило во однос 1:1, ќе добиете паста со која ќе можете да ги пополните пукнатините во керамичките предмети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.