Северина ја копира Неда Украден! (коментари)

Неодамна се појавија шпекулации во јавноста дека новата песна на хрватската пејачка Северина „Uzbuna“, е всушност копија на „Nije ti dobro“ од Неда Укреден.

Зад сето ова се кренаа многу прашања и коментари, а конечно и двете балкански музички икони го кажаа своето мислење.

Во емисијата „Ексклузив“, Неда тврдеше дека песната на Севе е копија и притоа го изјави следново: „Да, личи и тоа многу. Само глув човек не може да слушне дека нејзината песна личи на мојата. Добро е да се биде трендсетер. Мене ова ми е комплимент, но се знае која песна беше прва!“

За ова пак, Северина само рече: „Првпат слушам за ова. Во оваа работа треба да еволуираш. Никогаш не сум пробала да копирам некој друг. Нема уметност ако не ја извлечеш од самиот себе.“

 

Што мислите вие?

Слушнете ги двете песни и пишете ни го вашето мислење во коментар! 

 

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: