На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Покрај традиционалното положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје, денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката.
Наградата ќе им биде врачена на проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик I“ (Приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерник, огледало и различна поучителна наставленија).
Во Владата е закажана трибина насловена „Темел на државноста- визија за иднината“ на која ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура Зоран Љутков и директорот на Националната универзтитетска библиотека Јовица Никчевски.
The post 123 години од смртта на Гоце Делчев – во Владата трибина, во Собранието доделување на награда appeared first on Provereno.



