Руни два месеци отсутен од терените-прашање дали ќе остане во Манчестер Јунајтед

Како што пренесува The Telegraph, стрелецот на 34 гола на Манчестер Јунајтед минатата сезона во сите натпреварувања, може да биде отсутен два месеци, што значи дека ќе пропушти дури 14 натпревари.

Руни се повреди при натпреварот со Фулам од Премиерлигата, кога на него со копачка налета противничкиот играч, Уго Родалега и му направи расекотина на ногата над коленото.

Наводно, раната била толку длабока што стигала до коската,  а биле потребни десет конци за да се зашие.

Руни,  ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство 2014, кои Англија ги игра против Молдавија  и Украина, првите три меча од Лигата на шампиони, како и големи мечеви од Премиер лигата против Ливерпул, Њукасл, Челзи.

Пред Руни се тешки денови, повреден, нарушен е неговиот однос со менаџерот Алекс Фергусон и останува прашањето има ли иднина за него во клубот.

Преземено од МакФакс   www.makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: