13 годишен Бугарин убил бездомник во Германија

13 годишен Бугарин убил бездомник во Германија.

Деталите од сослушувањето на другите тројца бугарски момчиња кои биле присутни на убиството откриваат дека сакале да се „опуштат на пристаништето“ кога настанала расправија со бездомникот.

Нападот бил снимен на телефонот на едно од момчињата. По сослушувањата на четворицата Бугари станало јасно дека дошло до пресметка со бездомникот пред малолетникот да извади нож и да го прободе три пати, по што жртвата паднала во каналот на пристаништето.

Според нивното сведочење, тој не сакал да го повреди човекот.

13-годишниот Бугарин, кој е осомничен за убиство на бездомник во Дортмунд, е сместен во институција од затворен тип, во согласност со неговата мајка.

Потсетуваме, на 5 април стана јасно дека младиот човек е осомничен дека нападнал маж во близина на пристаништето во градот. На 13-годишниот Бугарин не може да му се суди поради неговата возраст. Ова повторно ја разгоре дебатата во Германија за возраста на кривична одговорност.


Пронајдете не на следниве мрежи: