13,3 милиони или 16,1% од граѓаните во Германија се сиромашни

Стапката на сиромаштија во Германија се искачи на рекордно високо ниво од 16,1% во 2025 година, оставајќи околу 13,3 милиони луѓе во ризик од сиромаштија, наведува во својот извештај Паритетната алијанса за социјална помош.

Според извештајот, 70% од засегнатите имаат германско државјанство, а 30% немаат германско државјанство.

-Во исто време, јазот меѓу регионите и демографските групи расте. Додека сиромаштијата се зголемува генерално, таа станува особено вкоренета кај постарите возрасни лица, жените и самохраните родители – вели Јоаким Рок, извршен директор на здружението.

Според дефиницијата на ЕУ, луѓето се сметаат за изложени на ризик од сиромаштија ако нивниот приход е под 60% од националниот медијан. Во Германија, тој праг бил 1.446 евра (1.683 долари) месечно за едночлено домаќинство и 3.036 евра за домаќинство со двајца возрасни и две деца под 14 години.

Во извештајот се вели дека во многу домаќинства владее акутна финансиска сиромаштија. За 6,9% од населението, минатогодишниот приход не бил доволен за покривање на тековните трошоци и не можеле да ги покријат секојдневните трошоци  меѓу кои и повисоки сметки за енергија и замена на основните апарати за домаќинство.

Според податоците, речиси секое петто лице над 65 години е погодено од сиромаштија или е во опасност од сиромаштија. Стапката кај постарите лица изнесува 19,5%. Другите групи, исто така, се повеќе погодени: самците (стапка на сиромашни или загрозени: 30,3%), самохрани родители (28,9%) или лицата со ниско ниво на образование (29,1%). Дури четири од пет погодени лица се невработени.

-Фактот дека постарите луѓе – по долг работен век – и домаќинствата со деца се особено погодени го истакнува постојните недостатоци во социјалната држава. Спроведувањето на понатамошни намалувања не се бори против кризите; туку ги влошува – предупреди Рок.

По намалувањето на стапките од 2020 до 2023 година, се случи „негативен пресврт на трендот“, нагласува организацијата која наведува дека разликите меѓу регионите се големи.

Така, Баварија и Баден-Виртемберг, со силна економска структура, имаат најниски стапки на засегнати – 12,6, односно 13,2%.

Највисок удел на засегнати е забележан во Бремен (27,5 %), Саксонија-Анхалт (21,3%), како и во градовите-држави Хамбург (18,9%) и Берлин (18,7%).

Во западна Германија, регионите како Трир (21,4 %), Везер-Емс (20,8%) и Арнсберг (19,6%) беа особено погодени, а во источна Германија, на пример, Кемниц (18,2%) или Лајпциг (17,4%).

Пронајдете не на следниве мрежи: