Михајловиќ: Не ми треба никој, не отстапувам од својте принципи!

Синиша Михајловиќ најави дека за престојните квалификации не му се потреебни Видиќ, Пантелиќ, Јовановиќ, Жигиќ…

„Реков дека сакам да го подмладам тимот, а постарите доколку се докажат на теренот во своите клубови тогаш ќе добијат шанса. Моментално не гледам дека ми се потребни“– истакнува Михајловиќ притоа директно обрајќи се до српските медиуми.

„Ако вам ви се потребни искусни фудбалери, мене не ми се. Имам идеја од која не отстапувам. Ако треба да изгинам на селекторската функција, тогаш нека ’загинам’ со мое убедување. Приказната за Жигиќ, Пантелиќ, Јовановиќ…. е ваша приказна, а не моја“– вели Михајловиќ кој е свесен дека ја нема подршката од нацијата пред новите квалификации каква би сакал да има.

Пронајдете не на следниве мрежи: