Чек на Македонска народна банка од 1935-та година

Илија Ризов од Битола, префрлувајќи ги и прегледувајќи ги документите во архвата на својот покоен татко, го пронашол и овој чек на Македонска народна банка а.д, пренесува македонска нација.

Според тврдењата, Ризов дознал дека оваа банка ја формирале луѓе со македонско потекло (најверојатно потеклото им било од Галичник) во 1935-та година, во Софија.

Во тој период на овој простор имало околу 300 банки коишто биле во рацете на германскиот, францускиот и аглискиот капитал. Досега не се знаело за постоење на македонска банка.

Чекот е издаден во Софија, вредноста е во левови, а на него јасно е нацртана етничката карта на Македонија.

 

извор www.mn.mk

Loading...