Нови рекорди на Лео Меси

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Осасуна со 5:1, во рамките на 21-то коло во Примера, а Лео Меси на оваа средба собори неколку рекорди.

Меси на оваа средба постигна четири од петте голови за својот тим и сруши два нови рекорди.

Аргентинецот постигна барем еден гол на 11 последовни натпревари, со што го собори рекордот на Бразилецот Роналдо. На мечот со Осасуна Меси стана првиот играч во историјата на Барселона со постигнат 200 и повeќе погодоци. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: