Пирло италијански играч на годината

Андреа Пирло, во изборот на Здружението на професионалните фудбалери на Италија, е прогласен за најдобар италијански фудбалер за 2012 година.

Играчот на Јувентус е еден од најзаслужните што Јувентус ја освои шампионската титула, а Италија играше во финалето на Европското првенство.

Јувентус е прогласен за тим на годината, додека стратегот на оваа екипа и избран за тренер на годината.

Напаѓачот на Милан, Стефан Ел Шарави ја доби наградата за најдобар млад играч во 2012 година.

Капитенот на Интер Хавиер Занети ја доби наградата за лојалност, додека Филипо Инзаги ја доби наградата за животно дело.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: