Рекордна продажбата на Toyota и Nissan во 2012 година

Loading...

Toyota  објави дека минатата година продала 9,75 милиони возила, што е 22,6 отсто повеќе до однос на истиот период лани, додека Nissan ја зголемил продажбата за 5,8 отсто, на 4,94 милиони возила.

Honda, третиот по големина јапонски производител на автомобили, лани продал 3,82 милиони возила, што е осетно зголемување во однос на претходната година, кога продал 3,09 милиони возила. Ова се должи на зголемената побарувачка во Америка и Азија.
Најновите податоци потврдија дека Toyota одново ја презеде водечката позиција во светот по бројот на продадени возила, која во 2011 година и ја презеде GM, кога цунамито сериозно му наштети на производството и на продажба на Toyota.
Силната азиска продажба и закрепнувањето во Северна Америка ја поттикнаа продажбата на трите најголеми јапонски автомобилски компании и ја неутрализираше слабата побарувачка од Европа и последиците од дипломатскиот спор помеѓу Токио и Пекинг, поради што кинеските потрошувачи ги бојкотираат јапонските производи.

 

Макфакс

loading...
Loading...