14-годишно девојче на тротинет повредено во сообраќајка со возило

Малолетничка е тешко повредена во сообраќајна незгода во меѓу тротинет којшто го возела таа и патничко возило „хундаи“ управувано од 55-годишен возач од Скопје.
Незгодата се случила вчера попладне на крстосницата од улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“, а случајот е пријавен во СВР Скопје во 14:55 часот.
– На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(55) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 14-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира денеска МВР во дневниот билтен.

Пронајдете не на следниве мрежи: