14 мигранти пронајдени во домот на жител на Ваксинце

14 мигранти од Авганистан, Пакистан и Индија вчера биле пронајдени во домот на жител на село Ваксинце.
Како што соопшти МВР, вчера од 21:00 до 22:50 часот по претходна судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај Б.А.(44) од село Ваксинце при што се пронајдени 14 лица мигранти и тоа шест од Индија, и по четири од Пакистан и Авганистан.
Б.А. бил лишен од слобода и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен содветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.