1400 средношколци обврзани да полагаат државна матура, нивното здравје и живот ставени во ризик

Околу 1400 средношколци кои минатата година не полагале државна матура, годинава се обврзани истата да ја полагаат доколку сакаат да се запишат на факултет. Тие обвинуваат дека се дискриминарани, а нивното здравје и живот се ставаат во ризик бидејќи учениците кои годинава завршуваат средно образование се ослободени од полагање, а тие не. Тие велат дека кривата е излезена од контрола и бараат и на нив да им биде дозволено да полагаат приемен испит на фактултет како и останатите средношколци. -На 30.06.2020 година, МОН сака да организира полагање на државна матура за 1400 средношколци, кои минатата година од разни причини не можеле да ја положат матурата.
1400 средношколци, кои лани не сме ја положиле матурата сме дискриминирани и нашето здравје и живот се ставаат во директен ризик.


Сите останати средношколци од оваа година се ослободени од полагање и ќе имаат приемен испит на факултет, само нас не носат кон свесен ризик.
Зошто МОН не става во ризик и не ни овозможи и нам приемен испит на факултет, како што тоа ќе го прави со останатите средношколци.
Секој ден имаме над 150 новозаразени. Кризата е излезена од контрола, а МОН свесно не става во ризик.
Повторувам, пва е директна дискриминација, како за другите нема услови а за нас има!?
Кој сака свесно да шири зараза!? Со ваквиот потег МОН допринесува и оваа година да не можеме да ја положиме матурата, затоа што загрижени за нашето здравје голем дел од нас нема да полагаат.
Повикуваме на разум и очекуваме институциите да не си играат со нашето здравје и со нашите животи.
Бараме и ние 1400 средношколци кои лани не сме положиле матура, да ни се дозволи, како на средношколците од оваа година да полагаме приемен испит на факултет, велат средношколците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.