Вардар ја совлада Ренова, Турново останува лидер

Фудбалерите на Вардар забележаа значајна победа над Ренова, додека Турново, во дербито го победи Металург и по четири кола ја задржа лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Бранителот на титулата Вардар до трите бода на гостувањето кај Ренова стигна со головите на Георгиев и Костовски постигнати во второто полувреме.
Турново и по четвртото коло е без пораз и се наоѓа на чело на табелата, откако со двата гола на Блажевски забележа победа над Металург.

Работнички во последната минута стигна до победата над Пелистер од 2:1, Велковски од пенал погоди за „романтичарите“, израмни Рутевски, а Пандовски во 90-та минута ми ги донесе трите бода на Работнички.

Напредок во Кичево со минимален резултат го совлада Силекс, единствениот гол го постигна Клечкаровски.

Брегалница и Шкендија ги поделија бодовите откако одиграа без голови.

Колото ќе биде комплетирано во четврток со натпреварот Тетекс-Дрита.

Пронајдете не на следниве мрежи: