Одење во кревет… ама онака, другарски…

Британската интернет страна MyCelebrityFashion.co.uk спровела анкета чии резултати покажуваат дека секоја трета жена – барем еднаш во животот имала секс со својот пријател.

Половина од жените го направиле тоа затоа што не сакале врска со тој маж, 19% од жените го направиле тоа од забава, а само 8% сакале нешто посериозно.

Анкетата опфатила 2.168 жени, а резултатите покажуваат дека повеќе од половина од испитаничките во секое време имаат некој “пријател со бенефиции”.

Поранешните партнери претставуваат опција кај речиси третина од жените, а 23% од испитаничките имале сексуални односи со колега од работа.

Колку и да звучи шокантно – Дури една од пет жени практикува секс со својот најдобар пријател!

Истражувањето покажува и дека идејата за “пријатели со бенефиции” е се попопуларна во последните неколку години.

Пронајдете не на следниве мрежи: