Реал и Сити во иста група во ЛШ

Во Грималди Форум во Монако во четвртокот навечер беа извлечени групите во Лигата на шампиони, за сезоната 2012/2013.

Бранителот на титулата Челзи, одбраната на пехарот ќе го започне во конкуренција на Шахтјор, Јувентус и Норсјеланд.

Епитетот „група на смртта“ го носи Д групата во која ќе се натпреваруваат шампионите на Шпанија, Англија, Холандија и Германија.

Група А: Порто, Динамо Киев, ПСЖ, Динамо Загреб

Група Б: Арсенал, Шалке, Олимпијакос, Монпеље

Група Ц: Милан, Зенит, Андерлехт, Малага

Група Д: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ајакс, Борусија Дортмунд

Група Е: Челзи, Шахтјор, Јувентус, Норсјеланд

Група Ф: Баерн Минхен, Валенсија, Лил, БАТЕ Борисов

Група Г: Барселона, Бенфика, Спартак Москва, Селтик

Група Х: Манчестер Јунајтед, Брага, Галатасарај, Клуж

Натпреварите во фазата по групи ќе започнат на 18 и 19. септември, а ќе завршат на 4 и 5. декември, кога ќе бидат познати патниците во осминафиналето.

Пронајдете не на следниве мрежи: