Дел Пјеро се сели во Сиднеј

Фудбалскиот клуб Сиднеј соопшти дека Алесандро Дел Пјеро во наредниот период ќе настапува за оваа екипа.

Извршниот директор на клубот Тони Пињата, викендов, ќе престојува во Италија каде ќе го заклучи договорот со Дел Пјеро.

„Ова е голема работа за Сиднеј, австралиската лига и фудбалот во нашата земја. Горди сме што Дел Пјеро реши да игра во нашиот клуб“, рекол претседателот на Ф.К. Сиднеј Скот Барлоу.

Австралиските медиуми пренесоа дека 37-годишниот фудбалер ќе има годишна плата од два милиони долари, со што ќе стане наплатен играч во историјата на австралиската лига.

Дел Пјеро кариерата ја започна во тогашниот второлигаш Падова во 1991 година, по две сезони се пресели во Јувентус каде остана полни 19 години.

За „старата дама“ од Торино, Дел Пјеро има одиграно 698 натпревари на кои постигнал 286 погодоци, за репрезентацијата на Италија настапил на 91 натпревар на кои 27 пати бил стрелец.

Дел Пјеро со Јувентус шест пати бил шампион на Италија, има и една титула во Лигата на шампиони, со Италија во 2006 ја освои светската титула.

 

Преземено од МакФакс  www.makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: