Бендтнер позајмен на Јувентус

Италијанскиот фудбалски првак Јувентус го позајми на една година фудбалерот на Арсенал данскиот напаѓач Никлас Бендтнер, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната за шест милиони евра.

Дваесет ичетиригодишниот Бендтнер минатата сезона беше позајмен на Сандерленд, за кој постигна осум голови во 28 настапи во Премиер лигата.

„Бендтнер не е врвен фудбалер што баравме, но во тешката ситуација на пазарот ова е шансата што ја искористивме“, изјави директорот  на Јувентус Бепе Марота.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: