15 неверојатни здравствени придобивки од слушањето на бел шум

Што е тоа бела бучава?
Белата светлина е мешавина од сите компоненти на светлината, односна таа е сочинета од индиго-виолетова, сина, зелена, жолта, портокалова и црвена (односно од сите бои на виножитото, по ред). На сличен начин, кога ќе се искомбинираат сите звучни фреквенции коишто e возможно да ги чуе човековото уво, се формира белата бучава или белиот шум. Тоа во суштина и не е бучава, туку нежен звук, како што е звукот на ветрот којшто шумоли низ дрвјата. Еден од најдобрите примери за природна бела бучава е успокојувачкиот звук на океанските бранови. Кога овој звук ќе се искомбинира со музика, тоа доведува до чувство на хипноза и целосна релаксација.


Дали белата бучава е добра за здравјето?
Многу луѓе комбинираат медитација со слушање бел шум, со цел подобро да се внесат во неа и да ги извлечат нејзините придобивки, на поефикасно ниво. Доколку ова го практикувате подолг временски период, тоа може да ви помогне на физичко, психолошко и спиритуално ниво. Со тек на време, ќе забележите како се подобрува вашата концентрација, интуиција, емоционална стабилност и продуктивност. Воедно, може да ви помогне и во развојот на вашата самодоверба и волја.
Секојдневното слушање бел шум има изненадувачки здравствени придобивки за луѓето. Тој е еден од најдобрите извори на звук, којшто ќе ви овозможи ослободување од стресот, ќе ви помогне да се релаксирате и ќе ве направи спокојни и урамнотежени. Белиот шум овозможува и да постигнете состојба на длабок и цврст сон, што го прави одлично средство за полесно заспивање кај луѓето што имаат ваков проблем. Тој ги подобрува когнитивните функции, овозможува поголема бистрина на умот и има разни терапевтски бенефити. Погледнете дел од нив:
1. Бел шум + медитација
Како што веќе споменавме погоре, доколку сакате да извлечете поголеми придобивки од вашето медитирање, пожелно е да вклучите бел шум во позадина, бидејќи тој ќе ве внесе подлабоко во слоевите на вашата потсвест.

2. Полесно заспивање на бебињата
Голем број бебиња плачат прекумерно поради воспаление на дебелото црево, односно колитис. Белиот шум ќе им овозможи релаксирачка околина, којашто поволно делува на нивниот сон.
3. Го подобрува квалитетот на сонот
Голем број луѓе во денешно време имаат проблем со т.н. хигиена во спиењето, што значи дека не успеваат да си легнат и станат секој ден во исто време, за да се чувствуваат отпимално одморено и енергично. Овој звук, може да биде ефикасна алатка кај пациентите коишто страдаат од несоница, бидејќи тој успешно се бори против неможноста за заспивање и вознемиреноста.
4. Го намалува зуењето на ушите
Некои луѓе се жалат од зуење или ѕвонење во ушите, а белата бучава се покажала како ефикасна во намалувањето на тинитусот.
5. Помага кај пациентите со ADHD
Употребата на бела бучава покажала охрабрувачки резултати кај децата коишто страдаат од синдром на недостаток на вниманието и хиперактивност или т.н. хиперкинетски синдром.
6. Го подобрува вниманието
Белиот шум го привлекува вашето внимание, без го наруши вашиот емоционален коефициент.
7. Ја развива менталната будност
Овој звук го елиминира вашиот психички неред, немир и конфузија, што од своја страна значи дека е одличен за создавање тишина во вашиот ум.
8. Ги релаксира пациентите коишто се под хипноза
Поточно речено, овој звук може да има клучна улога во релаксирањето на пациентите коишто користат метод на хипноза.
9. Ја зголемува продуктивноста
Пријатниот звук има моќ да ја подобри вашата продуктивност.
10. Ја подобрува концентрацијата
Белиот шум ја подобрува концентрацијата и ефикасноста во вашето работење, преку елиминирање на надворешните пречки и звуци.
11. Помага при учење
Белиот шум е одличен за студенти, бидејќи овозможува фокусирање и паралелно го елиминира ефектот на бучава кој го предизвикуваат луѓето околу вас, ‘рчењето на вашиот цимер и слично.
12. Ги маскира звуците на работното место
Белата бучава може да се користи како маскирачки акустичен систем, којшто може да ги прикрие звуците што произлегуваат од вашите колеги или од нивните електронски уреди, како и звуците од апаратите или машините доколку работите во фабрика, што значи дека делува многу поволно за секое вработено лице.
13. Спречува вртоглавици
Пријатниот звук спречува создавање на вртоглавици и зашеметување.

14. Им помага на пациентите на интензивна нега
Пациентите коишто лежат на интензивна нега може да почувствуваат олеснување и релаксирачки амбиент, доколку им се пушти бел шум, кој ќе ги маскира другите звуци во болницата.
15. Има практична примена за време на авионски летови
Белиот шум може да се користи и во текот на авионските летови и во хотелските соби, за да се намалат непријатните звуци и да се осигура спокојна средина.
Погледнете го ова видео, коешто е идеална комбинација од нежна, њу ејџ амбиентална музика и бела бучава од пороен дожд. Доколку не сакате да има музика во позадина, одберете бел шум само од дожд, океански бранови, дување ветер, паѓање на водата од водопадите, исклучена ТВ програма (како на МТВ доцна навечер), звукот од фен и слично. Уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.