Реал го позајми Диара на руски Анжи

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид објави дека на едногодишна позајмица во Анжи од Махачкала го испратил францускиот репрезентативен Лесан Диара.

Дваесет иседумгодишниот Диара пристигна во Реал во 2009 година и за мадридските „кралеви“ одигра 117 натпревари, меѓутоа откако во клубот дојде репрезентативецот на Гана, 29-годишниот Микел Есјен кој е позајмен од лондонски Челзи, францискито играч за врска стана вишок на списокот на Жозе Мурињо.

Од друга страна, искусниот холандски стратег на клупата на богатиот дагестански клуб Анжи од Махачкала, не ја испушти можноста да доведе искусен фудбалер со докажани квалитети.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: