Балотели на операција на очите

На напаѓачот на италијанската фудбалска репрезентација и на англискиот шампион Манчестер Сити, Марио Балотели, ќе му биде  извршена операција на очите. 

Како што потврди во неделата помошниот тренер на Манчестер Сити, Дејвид Плат, на Балотели со операцијата ќе му биде отстранет конјуктивитот на двете очи, но тоа нема да го оддалечи од фудбалските терени на подолг период.

„Марио за неколку дена ќе оди на операција, но не се работи за голем хируршки зафата и би требало многу брзо да се врати на тревникот. Слушнав шпекулации дека ќе отсуствува еден месец, но тоа не е вистина“, рече Плат.

макфакс 

Пронајдете не на следниве мрежи: