„Last Days of Summer“ во Струга

„Hisar & Collegium“ ја има честа да го најави официјалното испраќање на летото, со голема забава за уживање во последните денови од летото – “Last Days of Summer“ во Струга (х. Евротел) од 7 до 9 септември.

 Овој уникатен музички open-air хепенинг ќе понуди алтернативен начин за забава и релаксација на автентичното струшко крајбрежје со целодневна програма во викендот кога се трошат последните сили за летна забава.

 На два стејџа, електронски и рок/панк/реге, на просторот пред хотелот Евротел во Струга, кој нуди идеални услови за одржување на масовен музички хепенинг со капацитет над 10 000 посетители, гарантираме несекојдневна можност за забава до утринските часови на овој алтернативен начин на поздравување со летото.

 Ќе има буквално сè, опрема за на плажа, пијачки, храна и многу мраз потребен за совршено уживање на летните температури, кои викендот во Струга ќе бидат дополнително покачени од сетовите на светски познатиот Jackie DJ (https://twitter.com/jackiedeejay) од Словенија.

 PMG Колектив, Мирко Попов, DJ Чваре, DJ Базел, Флукс, Ацо Конга,  Rооt Boy, Лоши деца, Dj Gameover, Паркети, Тhe Hounds, High control,Коноп се имиња на македонската музичка сцена на кои не им треба посебно претставување за да се уверите дека забавата ќе биде неизбежна, а шареноликоста на нашиот лајн-ап одговара, кој одговара на сечиј вкус ќе биде гаранција за несекојдневната можност за уживање на музичк хепенинг, каков што немало во последно време во Македонија.

 Програмата и забавата ќе биде збогатена со stand up comedy, анимација со скечовите на К-15 на голем екран, неверојатни изведби со птици грабливки – јастерби и орли, (https://www.facebook.com/pages/NVO-BALD-EAGLE-HALIAEETUS-LEUCOCEPHALUS-STRUMICA/195419513827014), а понесени од олимписките игри, вишокот енергија ќе го потрошиме на фудбал на плажа, одбојка на плажа, влечење со јаже, посетителите ќе можат да се испробаат во трки со магариња …

 Подгответе се за несекојдневна забава и извонредно искуство со најдоброто од македонската музичка сцена и сет листи за целодневно уживање во последните летни зраци на сонцето покрај Охридското езеро.

Овде можете да го најдете fb-eventot – https://www.facebook.com/events/218090341651423/

Пронајдете не на следниве мрежи: