Мурињо: Манчестер Сити има изградено тим за освојување на Лигата на Шампионите

Жозе Мурињо ги отвара картите, како и секогаш без влакно на јазикот го зборува тоа што мисли, го прогласи тимот на Сити како најголем фаворит за освојување на ЛШ.

„Борусија собира искуство во Лигата на Шампионите, има импресивен стадион и навивачи кои го поддржуваат до самиот крај. Со Ајакс никогаш ништо не се знае, можат секогаш да ви направат проблеми. Нема место за грешки. Манчестер Сити сепак има играчи на најголемо светско ниво. Екипата е изградена за освојување на Лигата на Шампионите“ изјави Жозе Мурињо.

Пронајдете не на следниве мрежи: