17 годишна тинејџерка го остави своето момче врсник поради разведен татко на три деца

Авалон Гарви од Бредфорд имала само 17 години кога во 2016 година одлучила да го остави своето момче врсник, со кое била три години во врска. Имала само една цел, да пронајде постар маж. Таа уште тогаш го обожавала сексот, а со 17 годишно момче очигледно не можела да добие она што го сака.
Меѓутоа, тогаш не ни сонувала дека ќе се врзе со маж кој е постар од нејзиниот татко. Неговото име е Даг Тејзер, денес има 44 години, доаѓа од Сан Франциско и има три деца. Иако разликата во години меѓу нив е огромна, Авалон вели дека многу брзо се „кликнале“. Даг, ИТ експерт од Америка, не ги сокривал своите години. Ја запознал Аволон на еден форум.
-Веднаш во втората порака предупреди за своите години и на фактот дека има деца. Значи, знаев за неговите години и на самиот почеток мислев дека ова нема да оди понатаму од интернет пријателство. И тој и јас баравме некакво бегство од реалноста, ја започнува Авалон денес својата приказна за британски „Сан“.

Но, од пријателството на крајот немало ништо. – Што да кажам… Се пронајдовме и две потоа никогаш не сме биле посреќни. После неколку месеци допишување, Даг одлучил прв да повлече потег. Седнал во авион и пристигнал во Лидс, каде што го пречекала 17 годишната Аволон.
-Беше тоа љубов на прв поглед. Знаев дека го сакам тој човек првиот пат кога го видов, вели таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.