Шкотска во формација 4-1-4-1 ќе и се спротистави на Македонија

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шкотска, Крег Левин, нема да подлегне на притисокот од навивачите и да ја промени својата омилена формација, во натпреварот против Македонија, кој во вторник ќе се одигра во Глазгов.

Левин смета дека структурата и индивидуалните квалитети на фудбалерите со кои работи несе погодни за неговата репрезентација да одигра во формација 4-4-2. Шкотска против Македонија, исто како и против Србија ќе игра во омилената формација на Левин 4-1-4-1. 

„Формацијата можеби не е популарна, но ова е најдобриот систем во кој може да игра тимот“, вели Левин за Daily record. 

Левин, омилената формација на репрезентациите и тимовите кои доаѓаат од Островот, 4-4-2, ја преферира само доколку тимот треба да брка резултат, ако е во негатива, или доколку се реши да оди на победа, како што беше случај со Србија. Не е убеден дека неговата омилена формација може лесно да за разбие на теренот, пред се поради профилот на играчи кои ги има во репрезентацијата. 

„Доколку ја погледнете линија на играчи кои делуваат зад Кени Милер тогаш ќе видите дека секогаш напаѓаме со јасна цел. Стивен Нејсмит е стрелец, Чарли Адам е креативен играч, Џејмс Морисон е голгетер и креативец, слично е и со Роберт Снодграс“, рече Левин.

Шкотскиот селектор го навлече гневот на навивачите откако на младиот напаѓач Џордан Родс против Србија му даде само 10 минути да ги покаже квалитетите. Левин нема намера да попушти со менување на формација каде друштво во нападот на Милер би му правел 22-годишниот играч на Блекбурн Родс. 

„Кога ќе се погледне начинот на кој игра Македонија и како делуваат во предниот дел на својата одбрана мислам дека најлесно ќе ни биде да играме со веќе воспоставената формација“, потенцира предводникот на шкотскиот национален тим. 

Шкотска и Македонија, натпреварот од второто квалификациско коло, во А групата, за пласман на Мундијалот во Бразил, ќе го одиграат во вторник, со почеток во 21 часот.  

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: