Ибрахимовиќ: Јас сум жива легенда

Loading...

 

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, шведскиот репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, рече дека не треба да го споредуваат со Кристијано Роналдо бидејќи е „жива легенда“.

Ибрахимовиќ заедно со колегите од репрезентацијата се наоѓа во Малме, каде пред стадионот во овој град остави отисоци од своите стапала. „Ова е голема чест, тоа значи дека нешто сум постигнал во мојата кариера. Често зборуваме дека додека сте живи не можете да станете легенда. Но јас сум жива легенда барем во Малме“, рече Ибрахимовиќ.  Локалните новинари се обидоа да го споредат со Роналдо бидејќи и тој слично како и Португалецот не му се израдува на својот последен постигна гол.  „Разбирам што се обидувате, вие се обидувате да ме споредите со некој друг. Мене не можете да ме споредувате со него. Кога постигнав погодок против Лил во 27 секунда до крајот на мечот имаше уште 89 минути. Јас се радувам по натпреварот, за време на мечот може се да се случи“, дополни напаѓачот на ПСЖ.
 
Макфакс
 

loading...