Повлечени обвиненијата против Кришито

 

Италијанскиот суд ја запре истрагата против Доменико Кришито, кој поради сомнение дека учествувал во местење на натпревари го пропушти Европското првенство во Полска и Украина.

Кришито непосредно пред почетокот на ЕП, на кое Италија стигна до финалето, беше исфрлен од репрезентацијата, откако истражителите го одведоа од кампот каде „азурите“ се подготвуваа за наста на континеталното првенство. 

Истрагата на обвинителството резултираше со многу казни за клубови и играчи, додека тренерот на Јувентус, Антони Конте доби  деветмесечна суспензија. Против Кришито немало доволно докази.

„Ова е убав ден, среќен сум поради одлуката на судот, но многу сум лут бидејќи поради тие обвиненија јас го пропуштив ЕП. Нема да барам обештетување, се обидувам на вистински начин да се изборам со целата ситуација“, им изјави Кришито на италијанските новинари. 

Бекот на руски Зенит беше обвинет дека учествувал во местење на резултатот на својот тогашен клуб Џенова против Сампдорија одигран во 2011 година.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: